Лични алати
Пријави се

8 - Компјутерски мрежи - Интернет на нешта (8-КМ-ИНН)

MK_flag.png UK_flag.png

Студиска програма: 8-Компјутерски мрежи - Интернет на нешта (8-КМ-ИНН)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерски мрежи – интернет на нешта

За да ова се постигне во студиската програма, покрај неопходните аспекти за проектирање и реализација на компјутерски мрежни системи и уреди, ќе бидат опфатени и следните тековно многу актуелни аспекти и подрачја кои се вметнати во целите за развој на компјутерските технологии на Европската комисија:

  • Развој на идни валидни модели за раководење и управување на Internet of things (IOT);
  • Политички, економски и социјални придобивки од Internet of things (IOT);
  • Internet of things (IOT) мобилни уреди во мрежи од следната генерација;
  • Управување и распределба на фреквентниот спектар и Internet of things (IOT);
  • Ад-хок граѓански апликации и архитектури;
  • Раководење, стандарди и надежност;
  • Етички норми и Internet of things (IOT);
  • Заштита и безбедност на корисниците;
  • Безбедност на уредите;
  • Интелигентни системи и големи податочни множества;
  • Напредна анализа на податоци со методи од машинско учење

Потребата од образовани кадри од подрачјето на Компјутерски мрежи е забележлива во академската и стручната јавност на универзитетите во светот, но е особено изразена во индустријата.

Наставната содржина на вториот циклус студии од Компјутерски мрежи ќе им овозможи на студентите стекнување на: вештини за анализа, проектирање и имплементација на интелигентни компјутерски мрежи и системи кои ги вклучуваат најновите технологии од повеќе области – компјутерски мрежи, сензори и сензорски системи обработка на податоци со помош на методи од машинско учење и вештачка интелигенција, информациони системи, бази на податоци, мултимедиски системи, игри и забава, како и оспособеност за работа во интередисциплинарни тимови врвни на светско ниво.

Во услови на перманентен научен и техничко-технолошки напредок се зголемува потребата за развој на Компјутерски мрежи – Internet of Things.

Студиите би им овозможиле на студентите и понатамошни сопствено неформално образование од областа на компјутерските мрежи и системи (курсеви, обуки,...), но и продолжување на своето формално образование на трет циклус на студии, докторски студии.

Магистрите по Компјутерски мрежи – Internet of Things ќе бидат оспособени за работа во сите сфери на едно модерно автоматизирано и информатичко општество, а пред се во здравството, транспортот, потрошувачката електроника, мобилни уреди и системи, потоа информатичките и телекомуникациските компании, компаниите кои произведуваат и сервисираат системи за мониторинг, компаниите кои се бават со автоматизирано производтство на материјални добра, транспорт и сл.

Овој модул создава кадар, кој сите овие сектори го препознаваат како фундаментално важен за нивниот успешен развој.

Магистрите по Компјутерски мрежи – Интернет на нешта особено може да придонесат во научно-истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти, истражувачките центри и др.

По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:

  • Да проектираат компјутерски мрежи и мрежни системи во сите подрачја на нивна примена: компјутерските технологии, медицината, транспортот, мултимедијата, индустријата за игри и забави и слично;
  • Да развиваат нови области на примена и да ги усовршуваат постојните;
  • Да можат да учествуваат во теоретското моделирање, симулација, развој и примена на системи и процеси во ова подрачје;
  • Да можат рамноправно да учествуваат во врвните светски развојни интердисциплинарни тимови од подрачјето.